Заев: Драга Ана, оваа посета ги негува нашите односи

by fokus

На заедничката прес-конференција со српската премиерка, Ана Брнабиќ, нашиот премиер Зоран Заев смета дека оваа посета е важна за Македонија и посетата нејзина е и во насока на интензивирање на интеграциите.

„Драга Ана, во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија сакам да го изразам најтоплото добредојде за делегација на Србија. оваа посета е уште еден придонес во негувањето на нашите односи. Ние сме две блиски пријателски земји. Заеднички работиме на забрзување на интеграциите. Посетата е и во насока на интензивирање на интеграциите. На средбата меѓу двете делегации, ја истакнав нашата заложба за одржување на политички дијалог.

Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешеево е реализација на една од целите за создавање. Овој проект е круна на пријателството. Ќе се намалат административните процедури, а нашата трајна заложба е да ги решаваме сите прашања во регионот“, истакна Заев.

 

Поврзани новости