(ВИДЕО) Пожар кај Велешко езеро

by fokus

Попладнево избувна пожар кај селото Отовица, во непосредна близина на езерото Младост кај Велес.

Како што потврдија од МВР, нивна и противпожарна екипа е на терен со цел да се локализира пожарот.

„Општина Велес ги известува граѓаните дека во околината на езеро Младост избувна голем пожар и гори борова шума. Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.

Во моментот екипи на противпожарната служба од Велес и ЈП „Национални шуми” – Подружница ШС „Бабуна”, Велес се излезени на терен и се справуваат со настанатата ситуација. Истовремено се советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност“, велат од општина Велес.

Видео од пожарот.

Поврзани новости