Заев: Домашните успеси ни даваат кредибилитет да бидеме успешни и во преговорите со ЕУ

by Фокус

Премиерот Зоран Заев на Самитот на државите од Вишеградската Група и на државите партнери од Западен Балкан, кој се оддржа Прага, рече дека земјите на Вишеградската Група отсекогаш биле силен и гласен поддржувач на државите на регионот на Западен Балкан во нивните процеси и заложби за интеграцијата во ЕУ, при што, истакна тој, тие се подготвени да ги споделат своите искуства од евроинтеграциските процеси и да ја зголемат економската соработка со земјата.

-Очекувам нашето членство во НАТО да стане ефективно наскоро, после десет позитивни препораки за Европската комисија, оптимистичките заклучоци на Советот (во 2018 и 2019 година) и резултатите што ги создадовме – сѐ повеќе сум убеден дека сме подготвени да го започнеме ова патување и да се соочиме со сите предизвици што ги носи процесот. Успесите што ги остваривме во домашните реформи и во затворањето на отворените билатерални прашања, ни даваат кредибилитет да тврдиме дека ќе бидеме успешни и во пристапниот процес – рече Заев.

Поврзани новости