942
Премиерот Зоран Заев во вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно порача дека ќе ја почека истрагата за катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово.
„Целата нација жали. Одговорноста е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата, а експертите ќе ги кажат точните причини од што настанал пожарот. Во услови на пандемија, Филипче и Хасани досега сработија сериозни предизвици да се справат со пандемија. Банално е да ми поставуваат прашања дали некој од СДСМ би ме наследил“, истакна Заев.