Мицкоски: Брзаме со оставка за Филипче, за да спасиме човечки животи!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев, порача дека оставките од министерот Венко Филипче и заменикот-министер Илир Хасани, треба да бидат прифатени.

„Брзаме за оставка на Филипче, за да спасиме човечки животи. Луѓето ги загубија своите најблиски поради неспособноста на надлежните. Ако седнете со роднините на луѓето, ќе го видите сиот гнев и револт затоа што тие таму заминаа по здравје, а ги вратија во поинаква состојба. Ако некој има малку совест, ќе ги прифати овие оставки“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости