Заев: Ако се појават нестручни луѓе во институциите, ќе направиме корекција

by Фокус

Само чесни, стручни и одговорни луѓе ќе ги водат институциите во државата, изјави премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања во собранието, одговарајќи на прашање околу неговите кадровски политики.

-Се уште 25 отсто од институциите не се преземени и еден дел од институциите нема да бидат зашто има чесни и одговорни луѓе што заслужуваат да продолжат. Досега именувавме вршители на должност и сите наредни постапки ќе се одвиваат на транспарентен начин и сите ќе можат согласно закон да конкурираат за функција. Ќе видите непартиски луѓе во многу институции од граѓански организации, од универзитети итн. Македонија мора да ги искористи сите капацитети, приоритет ќе биде квалитетот, потоа искуството, а дури на крај негова припадност – рече Заев.

Тој порача дека доколку се појават несоодветни луѓе во некои институции, тоа ќе биде коригирано, бидејќи, како што истакна, од раководењето на институциите зависи неговиот личен успех и успехот на владата.

Поврзани новости