427
Првиот човек на владејачката СДСМ, Зоран Заев порача дека доколку не се донесе Законот за Јавно обвинителство, Собранието нема да се распушти.
„Нема одложување на изборите. Многу е важно да се гласа во Парламентот. Ако опозицијата се обиде да го минира Законот за ОЈО, Собранието нема да се распушти. Убаво е да се распушти Собранието како што налага законот – рече Заев.