Мицкоски побара експерти да го изготват новиот закон за обвинителство

by Фокус

Експертската јавност наместо политичарите да го изготви новото решение за Законот за јавно обвинителство, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на пар министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност. Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Тој посочи дека додека власта се обидува да го протурка новото законско решение на само 2 месеци пред изборите, обвинителството дека молчи за серија криминални афери.

Поврзани новости