Забраната за движење ја прекршиле 18 граѓани, изречена 631 санкција за неносење маска

by Fokus

Во изминатото деноноќие изречени се 631 санкција за неносење заштитна маска на лице, а полицијата открила и 18 лица кои не го почитувале полицискиот час од 22:00 до 5:00 часот.

-Синоќа од 22:00 до 5:00 часот изутрина констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на државата регистрирани се 631 прекршок за мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид – 19.

Поврзани новости