Заболена медицинска сестра од Детска клиника, ќе се прави скрининг на Одделот за онкологија

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека уште една медицинска сестра од Детската клиника е заболена со корона вирус.

-Точно е дека има уште една медицинска сестра од Детска клиника заболена со корона вирус. Има сомнение дека вирусот е донесен однадвор и во таа смисла разговаравме за поголемо скринирање особено на Одделот за онкологија. Таму ќе се направи тест практично на сите кои се сместени и на персоналот, бидејќи заболената медицинска сестра е од тој Оддел, рече Филипче.

Поврзани новости