За Заев се очекувани оставките од државни функции на Алијансата за Албанците

by fokus

Премиерот Зоран Заев рече дека ги очекувал оставките на функционерите од Алијансата за Албанците на државните функции.

-За мене е логичен чекор заради тоа што Зијадин Села на состанокот во мојот кабинет беше дециден дека не прифаќа потпретседател на Влада за реформи. Сепак остави можност да дискутираат во партијата, а тоа го направија. Се понадевав дека ќе останат во Владата и дека ќе доразмислат за понуденото место, но веројатно конечно се откажале од прифаќањето на понудата, а согласно тоа ги прави чекорите за повлекување на своите луѓе – рече Заев.

Тој додаде дека остава отворен прозор за соработка со партијата на Зијадин Села, во интерес на граѓаните и реформите.

Поврзани новости