Заев нема намера да одговара на прашања од владејачкото мнозинство

by fokus

Доколку на утрешната седница не се појават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот, Зоран Заев, најавува кратка седница. Тој денеска изјави дека нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.

Премиерот очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.

На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицковски, како што кажа, се согласиле за многу работи што се во надлежност на партиите и му порачал дека постапките на судот се надвор од нивната надлежност.

– Неколкупати потенцирав дека притворот треба да се користи како крајна истанца. Мислам дека мене и на граѓаните им е преку глава од притворот и дека притворот се користи како казна. Сакам транспарентна постапка за сите и ако има докази да одговараат, а доколку нема да не одговараат – рече Заев.

Поврзани новости