За ВМРО-ДПМНЕ Вилма Русковска е неприфатлива, одбработувала за СДСМ

by fokus

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот на Владата за шеф на новото Јавно обвинителство, Вилма Русковска, е неприфатлив.

-Во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно уште еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Од друга страна, спојувањето на Специјалното јавно обвинителство со Јавното обвинителство за организиран криминал за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо.

-Со спојувањето на Специјалното јавно обвинителство во Јавнтото обвинителство , односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн, рече Аровски.

 

Поврзани новости