„Орка Холдинг“: Не сме продавале возила на член на семејството на премиерот

by fokus
„Орка холдинг“ ги демантира шпекулациите во дел медиумите дека возилата „бентли“ и „мерцедес“ на оваа компанија биле продадени на член семејството на премиерот Зоран Заев.
– Спомнатите возила беа продадени на друг бизнисмен, а што се случувало понатаму со нив, не е предмет на интерес на „Орка холдинг“ – велат од компанијата.
Шпекулациите во врска со овие две возила се појавија откако скопскиот бизнисмен Владимир Стајиќ беше обвинет од некои медиуми дека дошол до овие возила, а тој потоа изјави дека бил жртва на аферата „Рекет“ и дека е подготвен да сведочи.

Поврзани новости