За вакцинација се пријавени речиси 400 илјади лица

by fokus

На вакциналните пунктови во државата до вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани.

Во текот на вчерашниот ден, прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани.

Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.

Досега, бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани.

Инаку, вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Поврзани новости