Стотина уапсени по масовна тепачка во Белград

by fokus

На просторот на Бетон хала во Белград, во подножјето на Калемегдан, за време на прославата на 32-та шампионска титула на Црвена Звезда, синоќа дојде до општа тепачка меѓу навивачите на клубот и симпатизерите на ривалскиот Партизан.

Повеќе од 130 лица, главно навивачи на Црвена Звезда, се уапсени по тепачката, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Александар Вулин, кој дојде на местото на настанот.

-Сопственоста и заштитата на секој граѓанин и гостин на Белград се гарантира. Ова повеќе нема да се повтори. Ова се ѓубрињата што го обесчестија нашиот град, ова се ѓубрињата кои ја обесчестија прославата и Црвена Звезда – изјави Вулин за РТС.

Како што соопштија од Првото основно обвинителство, вкупно 109 лица се процесуирани за немирите, а за 10 од нив е одреден притвор до 48 часа, додека останатите се изведени пред судија за прекршоци, јавија српските медиуми.

Немирите се случија за време на прославата на титулата на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кога навивачите се судрија со обезбедувањето на локалите, кои биле припадници на Партизан.

Поврзани новости