Исфрлени се 650 тони мебел, телевизори и друг отпад

by fokus

Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што во периодот од 18 до 22 мај ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен главно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

Од претпријатието соопштија дека за празнење на поставените садови ангажирале 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила – самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки.

-Жителите на градот Скопје покажаа огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад. Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот – рече директорот на скопски комуналец Абдусамед Шабани.

Поврзани новости