532
Тетовец заработи кривична пријава за „лихварство“, бидејќи на сограѓанин му позјамил 200 евра, со услов да му ги врати за една недела, а за услугата да му плати 100 евра.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ф.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. На 28.05.2019 година Д.М.(24) од Тетово од пријавениот побарал на заем 200 евра, кои требало да ги врати за седум дена, како и дополнителни 100 евра за услугата. Д.М. не успеал да ги врати парите во договорениот рок и побарал продолжување на рокот до 04.07.2019 година.
Но и во тој рок не успеал да ги врати парите, по што пријавениот почнал да му праќа пораки со заканувачка содржина, велат од МВР.