Потешко повредени двајца малолетници кои со мотор удриле во автомобил

by fokus

Двајца малолетници од скопско Марино се повредени синоќа, 10 минути по полноќ, кога додека се возеле на мотор се судриле со автомобил.

-Во 00.10 часот на улица „532“ во скопско Марино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(49) од Скопје и мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

(Фотографија -архива)

Поврзани новости