331
Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 14 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.