Бајден ја номинираше Ангела Агелер за нова амбасадорка во Македонија

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден објави неколку имиња, како што рече, на клучни личности кои ќе служат во неговата администрација. За нова амбасадорка во Северна Македонија тој ја номинираше Ангела Агелер, која и е добро позната на овдешната јавност како советничка за односи со јавност на амбасадата на САД во Скопје во периодот 2009-2011 година.

Агелер е дипломатка од кариера, и во Северна Македонија ќе дојде од позицијата заменик- амбасадор на САД во Пакистан. Во својата кариера работела и како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, во Стејт Департментот како заменик помошник државен секретар за јужна и централна Азија, и повеќе други позиции во американската администрација.

Ангелер рече дека е почестена од кандидатурата за нова амбасадорка во Северна Македонија.

Пред преземањето на функцијата и претстои и конфирмација од страна на Сенатот, после што претседателот и официјално ќе ја наименувана за амбасадорка. Вообичаено процесот од номинација до конфирмација трае околу 67 дена. Ангела Агелер зборува покрај англиски и француски, и македонски јазик.

Поврзани новости