За да ги породат им бараат задолжително извод од венчани?!

by fokus

На социјалните мрежи се споделува фотографија од наводно Општата болница во Струмица, каде на врата од Акушерското одделение е залепено известување со кое се бара од родилките да донесат извод од венчаните.

„Пациентките кои доаѓаат на Акушерско одделение за породување задолжително со себе да донесат извод од венчаните“, пишува на известувањето.

Ова барање е невообичаено затоа што се поставува прашањето што доколку родилката не е венчана или парот живее во граѓански брак. Корисниците на социјалните мрежи прашуваат дали во тој случај родилката ќе биде породена.

Поврзани новости