„Ауди“ излетало од патот кај кавадаречко Марена, возачот хоспитализиран

by fokus

Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена.

Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и  управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, појасни Додевски.

Повредениот возач бил однесен на лекување во Клинички центар – Скопје.

Поврзани новости