Никогаш да не се повтори она што му се случуваше на Скопје, изјави Шилегов

by fokus

Kоце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, Петре Шилегов од СДСМ и останатите кандидати за градоначалници на Град Скопје потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на фер и слободни избори.

На потпишувањето, кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, изрази надеж дека граѓаните ќе одлучат да направат промена за она што му се случи на Скопје, рече тој, никогаш да не се повтори. Од тие причини, рече Шилегов, нема да им посака среќа на противкандидатите.

Кодексот, како кандидатите за градоначалници на Град Скопје, го потпишуваат и кандидатите за градоначалници во сите општини на Република Македонија.

Покрај Петре Шилегов и Коце Трајановски останати кандидати за градоначалник на Град Скопје се Ѓорги Тодоров од НДМ, Беким Фазлиу од ДПА, Насије Селмани од БЕСА, Ванчо Шехтански од ТМРО, Марија Јонес од Левица и Наим Бајрами од Алијанса на Албанците.

Поврзани новости