Вучиќ ветува просечна плата од 1.000 евра

by fokus

До крајот на работата на идната влада просечната плата би можела да биде 1.000 евра,  а просечната пензија 500 евра, најавува српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемијата на коронавирус, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа.

-Прв пат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра, а пензијата 500 евра. Тоа е остварливо, доколку нема надворешни проблеми и ако нема големи земјотреси на светско ниво, рече тој.

Поврзани новости