Вучиќ: Не забележав дека најдоа кокаин во кабинетот на Вулин, туку во Белата куќа

by Fokus
 Српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали  директорот на српската Безбедоносно-информативна агенција (БИА) Александар Вулин може да остане на функцијата по воведување санкции од САД, рече дека овие санкции  не се воведени поради криминал, туку поради Руската федерација.

Тој доби прашање од српските новинари дали треба дали државните органи на Србија треба да ги истражат наводите на американското Министерство за финансии поврзани со поврзаноста на Вулин со криминалот.

„Не забележав дека е пронајден кокаин во кабинетот на Вулин, туку во Белата куќа. Мислам дека е многу важно, страшно важно, да се спроведе истрага, бидејќи мислам дека тоа е некој генерален член што го користат за да напишат нешто. А санкциите против нив беа воведени поради Руската Федерација“, изјави Вучиќ.

Тој најави дека утре ќе зборува детално за санкциите од САД кон Вулин.

„ Заборавивте да ја споменете Русија. Против Вулин не беа изречени санкции поради неговиот криминал, туку поради неговиот однос со Руската Федерација. Утре ќе зборувам за сето тоа детално. За неговиот став и ставот на државата Србија“, рече  Вучиќ.

 

Поврзани новости