529
Иако со месеци зборуваме дека Албин Курти има само една желба, да предизвика конфликти на Косово и Метохија и да доведе до крвопролевање во целиот регион, малкумина сакаа да ја слушнат вистината и сакаа да ја разберат суштината на се што се случува на Косово, рече вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој посочи дека во последните три дена и политички неписмен можел да разбере што е тоа што се подготвува денеска.
-И се во организацијата на Албин Курти, се со неговата желба да дојде до голем конфликт меѓу Србите и НАТО, а тој што е единствениот виновен за се што се случува си ги мие рацете и вели дека тој нема ништо со тоа, рече Вучиќ.