На денешниот митинг во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека се повлекува од лидерската позиција на СНС, меѓутоа, како што најави, ќе остане активен во политичкиот живот преку движење.
-За Видовден, токму поради кризата во која се наоѓаме, а ќе ја замолам СНС да биде столб на сето тоа, почнуваме со формирање на Движењето за народот и државата за да имаме база и основа да ја сочуваме нашата земја во наредните две-три кризни години што се одлучувачки за иднината на Србија. Јас знам дека без СНС тоа не може – рече Вучиќ.
Митингот започна околу 19 часот со интонирање на химната, а Вучиќ обраќањето го почна со барање за минута молчење за жртвите во двете масовни убиства во Србија – во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и кај селата Дубона и Орашје кај Младеновац.
Вучиќ со едноминутно молчење на големиот митинг: Верно служев 11 години
Како увертира на говорот на српскиот претседател, настапија министерот за надворешни работи и коалициски партнер Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, министерот за надворешни работи на Унгарија од партијата Фидес Петар Сијарто, црногорскиот политичар и лидер на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Милан Кнежевиќ, тенисерот Јанко Типсаревиќ…
Митингот заврши нешто пред 21 часот со песната „Ова е Србија“.