Вучиќ со едноминутно молчење на големиот митинг: Верно служев 11 години

by Фокус

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на почетокот на своето обраќање пред присутните на собирот „Србија на надежта“ побара од сите присутни да ги спуштат транспарентите и знамињата.

-Пред секој збор, а јас се подготвував за денеска, денеска, како и сите претходни денови, мора да има молк за сите наши деца кои загинаа во училиштето „Владислав Рибникар“, за нивниот старател Драган, за сите наши деца од Дубона и Орашје, за секој живот што е одземен насилно и затоа ве молам сите да ги наведнете главите и со едноминутно молчење да им оддадеме почит на сите жртви во овие два масакри – рече Вучиќ.

Тој се заблагодари за поддршката и додаде дека ова е последна вечер кога се обраќа како претседател на СНС, бидејќи од утре ќе биде само претседател на Србија.

-Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојални отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе – рече тој.

Според дел од медиумите, дури 2.200 автобуси со симпатизери на Вучиќ од Србија, но и од Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија денеска пристигнале во Белград на митингот, кој наликува на собирите кои ги организираше поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на крајот на 80-тите години на минатиот век.

Поврзани новости