Вучиќ: Белград е за продолжување на дијалогот со Приштина, но не прифаќаме решенија на штета на Србите на Косово

by Fokus

 

Србија е подготвена да го продолжи разговорот со Приштина, но нема да прифати еднострани одлуки со кои директно се загрозуваат правата на српската заедница во Косово и Метохија. Ова српскиот претседател Александар Бучуќ и го соопштил на администраторката на Американската агенција за меѓународна соработка (УСАИД), Саманта Пауер со која како што реќе разговарал за подобрување на соработката со САД и за состојбата во регионот.

Тој на својот Инстаграм профил, заедно со фотографијата на која се ракува со Пауер, напиша дека имал „важен, отворен и значаен“ разговор и се заблагодарил за помошта што УСАИД и ја пружила на Србија.

„Ја повторив доследната подготвеност на Србија да продолжи со дијалогот со Приштина, но и одлучноста да не се прифаќаат никакви еднострани одлуки кои директно ги загрозуваат правата на српската заедница на Косово и Метохија“, напиша Вучиќ.

Во соопштението од кабинетот на српскиот претседател, се наведува дека Вучиќ во разговорот истакнал дека продолжувањето на процесот на нормализација во овој момент зависи од формирањето на Заедницата на српските општини, како обврска која Приштина ја презеде пред десет години со потпишувањето Бриселскиот договор.

Вучиќ рече дека со Пауер разговарал за потенцијалот за дополнителни инвестиции во енергетската инфраструктура и иницирање на нови проекти кои ќе придонесат за единствен економски напредок на Србија.

„Србија негува партнерски однос со инвеститорите, кои имаат одлична и безбедна деловна средина овде“, рече Вучиќ, додавајќи дека Белград е заинтересиран да ги диверзифицира своите извори на снабдување.

Тие се согласиле дека УСАИД е посакуван партнер за соработка на проекти кои дополнително ќе ги интензивираат економските односи со САД и ќе привлечат нови американски инвестиции.

Вчера, на почетокот на посетата на Белград, Пауер изјави дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово ќе ги „отклучи“ економските можности кои нејзината организација ги овозможува и поддржува преку креирање програми и партнерства.

„Главната порака што(американскиот претседател Џозеф Бајден ја испраќа во овој момент е важноста на желбата да се поддржи процесот на нормализација на односите и колку сме охрабрени од постигнатиот напредок, иако постои голема количина на скептицизам за дали преговорите ќе доведат до решение и каде водат патиштата Србија и Косово Пауер.

Таа рече дека со објавување на „знаењето дека ова е регион на долгорочен мир“, УСАИД го овозможува и олеснува патот на економската интеграција, бизнисот на странските инвеститори во регионот и исполнувањето на интересите на приватниот сектор.

По посетата на Белград, администраторката на УСАИД ќе отпатува за Приштина, каде ќе се сретне со претседателот на Косово, Вљоша Османи, и со премиерот Аљбина Курти.

Поврзани новости