Вучевиќ: Време е да се стави крај на владеењето на Курти

by irena 11:33
11:33

Лидерот на Српската напредна партија (СНС) – Милош Вучевиќ изјави дека е време да се стави крај на владеењето на Албин Курти.

Вака реагираше Вучевиќ на предизборното видео на Курти во кое им порачува на Србите дека ќе ги спаси, бидејќи „Белград лаже“.

„Гласањето за „Српска листа“ ќе ја покаже легитимната сила на српскиот народ и со тоа ќе ги отфрли сите лаги на оние кои ја сакаат јужната српска покраина без Срби, а прв меѓу нив е Албин Курти, лажниот премиер на лажната држава, кој упорно се обидува да ги протера Србите од нивните вековни огништа во Косово и Метохија. Со таа геноцидна цел, Курти ја продолжува својата валкана кампања. За тоа сведочи видеото објавено синоќа во кое најголемиот џелат на српскиот народ во Косово и Метохија им се обраќа на истите луѓе и им „понудува“ да биде нивен спасител. Бизарни снимки од сиромашен и неуспешен политичар кој се бори за евтини политички поени! Србите многу добро знаат кој е Албин Курти! За жал, тие ги почувствуваа „резултатите“ од неговата политика, која се обидува да го врати системот на апартхејд, во средината на Балканот, во Косово и Метохија. За разлика од Курти, Србија останува доследно посветена на мирот, но ние немаме намера мирно да го набљудуваме систематското кршење на правата на српскиот народ во Косово и Метохија. Време е да се стави крај на владеењето на Курти“, напиша Вучевиќ на мрежата X.

Слични вести