Втор круг од претседателските избори во Хрватска

by Fokus

Во Хрватска се одржува вториот круг од претседателските избори, седми по ред, со повеќе од 3,8 милиони избирачи кои имаат право на избор меѓу поранешниот премиер Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската СДП и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидат за владејачка ХДЗ.

Новиот хрватски претседател ќе биде кандидат кој ќе освои повеќе гласови од граѓаните кои ќе излезат на биралиштата што ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

Според најновата анкета на Ипсос објавена во петокот, кандидатот на СДП води со 45 проценти од анкетираните гласови, додека 42 проценти ја поддржуваат Грабар-Китаровиќ.

Околу 13 проценти се неопределени.

Вториот круг од претседателските избори ќе биде проследен со рекордни 24.333 набљудувачи, 63 повеќе отколку во рекордниот прв изборен круг, кога имаше 11 кандидати.

Повеќето набљудувачи беа пријавени од владејачката ХДЗ, над 14.000, а од СДП се речиси девет илјади.

Првите прелиминарен изборни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Поврзани новости