Адеми: Албанската опозиција организира завршен митинг во исто време, на исто место со Европскиот фронт – ова е провокација

by Fokus

„Со длабоко жалење, Европскиот фронт и штабот на Европскиот фронт ја изразуваат својата загриженост и разочарување поради ненадејната одлука на албанската опозиција да организираат во ист ден, во исто време, на исто место, завршен митинг, за кој штабот на Европскиот фронт претходно доби потврда и дозвола од Секторот за внатрешни работи да ја одржи завршната средба на 6 мај на плоштадот Илирија“, рече Арбр Адеми од ДУИ.

„Оваа ненадејна одлука на албанската опозиција не дека е во спротивност со принципите на взаемно разбирање и соработка за да има слободни и демократски избори, туку претставува и провокација да се наштети на јавната безбедност и мирот, затоа апелираме до нив да ја преиспитаат својата одлука знаејќи дека Европскиот фронт, кој на 9 април поднесе барање за одржување на оваа завршна средба до Секторот за внатрешни работи, испрати известување до Општина Тетово, до Противпожарната служба и до Брза помош, институции кои треба да се заложат за успехот на еден ваков величествен собир.

Но, тоа што се случи по поднесувањето на нашето барање, дури на 22 април, замислете 10 дена откако СВР Тетово го прифати нашето барање, опозицијата на 22 април се обрати со барање, со кое СВР Тетово како надлежен орган кој дава дозволи за вакви активности, ги известува дека не можат да организираат ваков собир, направиле три обиди да остварат контакт и да избегнат ваква ситуација која би можела да ја ескалира ситуацијата, но претставниците на ВРЕДИ не реагирале, па дури и во писмена форма тие беа поканети да одржат координативен состанок.

Апелираме до албанската опозиција уште еднаш да ја преиспита својата одлука, нека се определат за друг простор или некој друг ден, сите заедно нека придонесат за слободни и демократски избори по европски стандарди кои и ние и тие ќе имаме можност да ги презентираме своите програми пред граѓаните со собир од ваков тип“, изјави Арбр Адеми.

Поврзани новости