Вработените во автомат клубовите Адмирал даруваа крв

by fokus

Справувајќи се со предизвиците наметнати од ефектите на пандемијата на вирусот COVID-19, општеството сфати дека единството во овие моменти е еден од најмоќните чекори кои можат да се преземат.

Автомат клубовите Адмирал, како еден од брендовите на групацијата НОВОМАТИК во Македонија се приклучи на крводарителската акција.

Вработените од автомат клубовите од вчера започнаа со дарување на крвни единици, најпрво во Скопје, а во текот на следните денови акцијата ќе биде проширена во другите градови во нашата држава, каде ќе земат активно учество.

Дарувањето на крв за нас претставува должност на секој човек и воедно веруваме дека во услови на ваква сериозна криза ќе дадеме скромен придонес во обезбедување на крвни единици за оние пациенти на кои им се неопходни.

Ова е време кога е потребна поддршка, откажување од некои зацртани решенија и несебичност бидејќи веруваме дека само така ќе излеземе од оваа борба посилни и заедно повторно ќе се издигнеме.

Како општествено одговорни компании ќе продолжиме да организираме и да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти.

Поврзани новости