„Обој го светот во портокалово“–16 дена активизам под мотото #КажиНе на насилството врз жени и девојчиња

by fokus

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со портокаловото осветлување на скопската тврдина Кале, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, официјално започнува годинешната кампања со слоган „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“.

Овој симболичен чин го означува почетокот на серија настании активности, како дел од кампањата што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2020 г. Насилството врз жените и девојчињата претставува голем општествен проблем,кој зазема сè поголеми размери во светски рамки.
Имено, 45 отсто од испитаните жени и девојчиња во Република Северна Македонија, доживеале некаква форма на насилство.

Целта на кампањата „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“, која трае 16 дена, е да прати силна порака против насилството врз жените и девојчињата, со тоа што неколку знаменитости низ различни градови во државата ќе бидат осветлени во портокалова боја, како симбол за посветла иднина,без насилство врз жените и девојчињата.

Со цел поттикнување дискусија на поширока општествена основа, кампањата ќе вклучува инсталација „Скршени предмети“ што ќе биде поставена пред Музејот на Мајка Тереза, како и неколку тематски онлајн конференции, дискусии, работилници и студентски натпревар за најдобар тематски графички дизајн.

На 30 ноември, инсталацијата „Скршени предмети“ ќе биде поставена на плоштадот во Гостивар, а како дел од активностите на кампањата, на 1 декември е предвидено и осветлување во портокалова боја на Занаетчискиот дом во Куманово. Следниот ден, на 2 декември, во портокалова боја ќе биде осветлен театарот „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ во Велес, институција штоширокоградо прифати да биде дел од кампањата со сопствени можности и техника.

Поради специфичната ситуација со пандемијата на ковид-19, кампањата ќе биде спроведена во согласност со сите заштитни мерки и протоколи, а во рамките на активностите ќе се користат можности и за онлајн комуникација,со учество на високи владини претставници, како ипретставници на на ОНина Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанските организации.

Во рамките на кампањата е предвидено објавување интерактивни содржини и едукативни пораки на социјалните медиуми од повеќе поединци од различни сфери на општеството, како нивен заеднички придонес во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да менуваме!

Поврзани новости