Вработените на УКИМ се уште се без плата за јануари – ректорката Билјана Ангелова на средба кај претседателот Пендаровски

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Билјана Ангелова.

Додека вработените на УКИМ, околу 3.200, се уште не ја зеле јануарската плата, иако рокот за тоа е до 15-ти во месецот, претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности и предизвиците со кои се соочува УКИМ.

Пендаровски беше запознаен со реализацијата на Колективниот договор на УКИМ, којшто е потпишан со Собранието на Република Северна Македонија како основач на овој универзитет, како и за проблемите во финансирањето на научно-истражувачката дејност и капиталните инвестиции од страна на државата за УКИМ.

На прес-конференција на 9-ти овој месец од УКИМ побараа средба со техничкиот премиер Талат Џафери за да им биде исплатена платата по новиот Колективен договор кој е со важност од 1 јануари 2024 година.

Претседателот Пендаровски даде поддршка на напорите на раководството и синдикатот на УКИМ за целосна реализација на потпишаниот Колективен договор во соработка со Владата и надлежните министерства.

Поврзани новости