Вработен во МВР предупредувал дека може да се случи „Монструм“?

by fokus

Веќе два часа се читаат транскрипти од нелегално прислушувани материјали од УБК, а поврзани со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Од неколку разговори на вработен во МВР, се создава впечаток дека тој предупредил дека ќе се случи нешто лошо.

-Предупредив дека имам две битни информации. Дека или ќе нападнат полициска станица или вакво нешто, вели полицаецот Зоран Т. на соговорникот Никола Н.

Вработениот во безбедносните служби разговара со уште неколку соговорници и го повторува истото.

-Извршителите Косовари се, но има и некои наши поранешни колеги. Информации се имаа на време. Пратениците беа навреме информирани, и директорот знаеше и Синиша беше информиран. Им кажав уште пред 20 дена дека сакаат да нападнат некоја полициска станица. Им кажав дека има група, не веруваа. Еден од учесниците е со иницијали Б.Б., вели Зоран Т., за кој потоа соговорник го прашува дали е Башким Бајрами, поранешен колега, командир на граничниот премин Блаце.

-Да, тој е, морал да има јатаци. Знае како функционира полицијата, вели полицаецот кој потоа истата информација му ја предава и на советникот за безбедност на претседателот Синиша Алексовски, кој му враќа дека има логика, бидејќи Бајрами бил осуден на доживотен затвор но бил во бегство.

Тој вели дека барал и средба со Радникот, му пишал и порака, но тој не го побарал.

-И денес никој не вели, чекај друже од кај ти беше информацијата, вели Зоран Т. на еден од соговорниците.

Валентина Вурмо

 

 

Поврзани новости