Вработен во кафетеријата во Белата куќа позитивен на Ковид-19

by Fokus

Претставниците на американската администрација се предупредени дека вработен во кафетеријата во Белата куќа е позитивен на Ковид-19.

Кафетеријата е привремено затворена, а вработените преку електронска пошта се известени дека е мал ризикот од пренесување на новиот корона вирус поради превентивните мерки односно носењето ракавици и маски.

– Нема причина за паника, се наведува во писмото испратено до вработените во Белата куќа.

Поврзани новости