Возачот кој ја прегази новинарката Сузана возел со 83 километри на час

by Фокус

Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека завршила истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска Павловска, истакнувајќи дека против возачот е поднесен обвинителен акт.

„По завршената истрага, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 вв чл.297 ст. 1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека обвинетиот  под дејство на алкохол (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства – канабис, го управувал своето возило „опел корса“ со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Со поднесувањето на обвинението, од обвинителството побараа и да се продолжи мерката притвор за возачот.

 

Поврзани новости