ЛП: Наместо за Панорамското тркало парите да се пренаменат за помош на поплавените

by Фокус

Либерална партија изразува загриженост за моменталната политичко-економска состојба и нагласува дека наместо власта да се фокусира на решавање на различните потреби и проблеми, таа ги продолжува непотребите трошења на јавни пари како оние за изградба на Панорамско тркало.

-Сведоци сме дека луѓето страдаат од временски непогоди кои се резултат на речиси децениска негрижа во инфраструктурата при што гинат луѓе и згаснуваат млади животи. Временските непогоди не зависат од Владата и локалната самоуправа, но ако тие спроведуваа одговорно и планско градење канализациони системи, спречување дивоградби, непланско сечење на шумите и ако ги регулираа водите, ќе се избегнеа човечките жртви и штетните последици од непогодите. Затоа, сметаме дека централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи и за големите материјални штети, се наведува во соопштението на партијата.

За ова да се спречи во иднина, партијата бара изградбата на Панорамското тркало да прекине, тендерот за споменикот на Мајка Тереза да се поништи и средствата да се пренаменат за помош на граѓаните погодени од непогодите во Македонија како и итна изградба на потребната инфраструктура.

Поврзани новости