550
Tоварeн воз кој сообраќал на линијата Велес – Прилеп изутрината во 06:40 часот, удрил во автомобил.
Несреќата се случила кај на патниот премин кај влезот на фабриката за порцелан во Велес. Автомобилот бил марка „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, а управуван од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.
Од МВР информираат дека возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. На местото на настанот е извршен увид.
Фотографија: архива