648
Припадниците на македонската армија кои се враќаат од мировни мисии и вежбовни активности во странски држави ќе бидат спроведени во карантин во објектите и касарните, одлучи Владата на денешната 30-та седница.
Инаку, 7 припадници на Армијата кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се враќаат во земјава.
Како што соопшти вчера Министерството за одбрана, нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.