ВИДЕО Мицкоски побара извинување од Чомовски за споредбите со Груевски

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на интервјуто во емисијата Трилинг на ТВ 24 побара водителот Горазд Чомовски да му се извини, за, како што, рече, поистоветувањата со неговиот претходник Никола Груевски.

Во текот на интервјуто, Чомовски истакна дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Груевски поради тоа што ги дели луѓето на „наши“ и „ваши“.

Мицкоски возврати дека Чомовски може да го праша Груевски за одговор на ваквите прашања, по што Чомовски рече дека нема намера да прави интервју со криминалец.

Потоа, Мицкоски побара извинувања бидејќи, според него, водителот и него го нарекол криминалец со тоа што го поистоветува со Груевски.

Во однос на тоа, Чомовски одговори дека извинувањето ќе почека друга прилика.

Поврзани новости