Во Струмица има најголема излезност од 60 отсто на изборите во СДСМ

by Фокус

Од активно регистрираните вкупно 68.990 запишани членови во избирачки список на СДСМ, до 12 часот своето право го искористиле и гласале вкупно 32.198 членови, што значи дека излезноста дотогаш е 46 отсто, информираше претседателката на Централната изборна комисија Викторија Мандиќ.

Според податоците што ги објави Мандиќ, до пладне најголема излезност од 60 проценти имало во Струмица, каде единствениот кандидат за старо-нов лидер Зоран Заев беше градоначалник во неколку последователни мандати.

По Струмица, според излезноста, следува Делчево со 58 отсто, Тетово со 47 отсто, Ресен со 45 отсто, Ѓорче Петров со 43 отсто, Битола со 39 отсто итн.

Поврзани новости