Претпладне сончево, попладне нестабилно

by Фокус

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Од пладневните часови особено во северозападните делови од земјата и понекаде во планинските подрачја ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Дневните температури ќе се движат од 15 до 26 Целзиусови степени.

Поврзани новости