Град Скопје склучил договор со фирма на сопругот на Царовска за снимање со дрон

by Фокус

Пред две недели, Град Скопје на чело со градоначалникот Петре Шилегов склучил договор за снимање со дрон вреден милион денари со фирмата „Флај Кем“, која е во сопственост на сопругот на министерката за образование Мила Царовска.

-Предмет на договорот за сопругот на Царовска е услуга за изнајмување на опрема за висинско набљудување на шумски површини во скопската котлина за рана детекција на растителни болести!? Во моменти кога Македонија тоне во здравствена и во економска криза, а се повеќе деца се заболени и имаат последици од короната, во време кога училиште во Скопје се затвори пред налетот на епидемијата, прашање е која е вистинската причина сега, во изборна година Петре Шилегов да спроведува ваков проект? Потребен ли е ваков проект за Мила Царовска да го обезбеди бизнисот на својот сопруг за цела година со еден милион денари? – праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, уште повеќе сомнежот за можна злоупотреба е поголем затоа што ваквите договори се повторуваат.

-На пример, истата фирма беше ангажирана од Шилегов во мај 2019 година за снимање на диви депонии во Скопје, за речиси иста сума од милион денари за една година, а во тој период се одвиваа избори. Режимот се повеќе е отуѓен од реалноста, и се му е евтино – од одмори во Мексико и Дубаи, до милион денари за снимање дрва со дрон! А еден милион денари чинат 740 вакцини по пазарна цена од 26 долари. Еден милион денари се половина милион плати од по два денари колку што се исплатени на текстилната индустрија во Штип – рече Стоилковски.

Поврзани новости