Манчевски: Сите влади ги ставаа на свое конто моите успеси, ама не сакаа да ги слушнат моите професионални размислувања и сугестии

by fokus

Најуспешниот режисер во историјата на македонскиот филм, Милчо Манчевски, во интервју за „Фокус“ зборуваше за изборот на новиот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски за кој вели дека факт е дека нема конкретно искуство во областа на филмот, но тој, сепак, се надева дека Лазаревски ќе ги отстрани проблемите во работата на Агенцијата. Додава дека можеби поважен е фактот што Лазаревски бил член на Управниот одбор кога во Агенцијата се случуваа низа неправилности.

Што се однесува до тоа дали Манечвски дали досега бил консултиран или на било каков начин вклучен во работата на Агенцијата за филм, тој вели дека во ниту еден миг бил консултиран ниту од Владата, ниту од Министерството за култура, ниту од Агенцијата.

-Сите досегашни влади, министерства и агенции ги ставаа на свое конто (дури и во партиски реклами) успесите на моите филмови (четириесетина високи награди од Златен лав во Венеција и Индипендент спирит до Рејнденс и Сребрена палма и Номинација за Оскар, како и дистрибуција во над 50 земји на сите континенти и на НВО и перманентна промоција на македонскиот јазик, култура и држава, филмови кои се гледани и проучувани и дома и во светот), ама во ниеден момент не сакаа да ги слушнат моите професионални размислувања и сугестии. Сакаа да бидам мис на универзумот – саде слика, без тон, вели Манчевски.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости