Во Србија стигна „стелт“ подвидот на омикрон сојот

by Fokus

Во Србија во понеделникот е потврден првиот случај на корона вирусот „стелт омикрон“, подвид на омикрон варијантата на корона вирусот SARS-CoV-3.

Присуството на стелт омикрон кај два примерока на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет.

Присуството на оваа подваријанта, како што се наведува, е присутна во повеќе од 50 земји, меѓу кои и во соседните Хрватска и во Македонија.

Што се однесува до симптомите, се наведува дека се уште не се знае дали има разлики во однос на првата подваријанта на омикрон, BА.1, дали дава потешка или полесна клиничка слика, дали е полесно да се избегне вакцина или природен имунитет.

Сепак, како што се напоменува, се претпоставува дека е слична на претходната подваријанта.

Инаку, денеска во Србија беа регистрирани 11.439 новозаразени, а починаа 63 пациенти.

На респиратори се 164 луѓе, а во болница се лекуваат 4.377 пациенти. Биле тестирани 26.873 примероци.

Поврзани новости