174
МВР информира дека вчера претпладне околу 10:20 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул. „Мирче Ацев“ со ул. „Трајко Китанов“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Б.Д. од Пробиштип и мотоцикл, управуван од Б.А.(52) од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.