Во скопско Семениште најдено оружје и муниција, уапсено е едно лице

by Fokus

МВР информира дека денска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај Е.Ј. (41) од с. Семениште, Скопско.

При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми.

Од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Е.Ј. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани новости